Автомобил експлодира на бензиска пумпа, во него имало 20 кг кокаин! Застрашувачко видео од Аргентина: Кога дознале кој е возачот, сите замолчеле (фото/видео)

Снимката од експлозија на автомобил на бензинска пумпа, кој се полнел со природен гас (CNG) во мало гратче на северот на Аргентина, го обиколи светот.

По експлозијата, од возилото во воздухот се расфрлани килограми скриен кокаин, што открива подлабока нелегална операција. Резултатот, за среќа, не е трагичен: при експлозијата две лица се полесно повредени, а едно лице е уапсено.

Причината за експлозијата сè уште не е позната, но добро е што жената која го управувала автомобилот и трите деца во тој момент биле надвор од возилото.

експлозија, Аргентина, бензинска пумпа

Ова се должи на безбедносните прописи во Аргентина кои бараат од патниците да го напуштат своето возило додека го полнат возилото со компримиран природен гас.

Интересно е тоа што жена-возач на автомобилот е полицискиот наредник Софија Чапаро од главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, која на локалната полиција негирала сознанија за кокаинот скриен во автомобилот, тврдејќи дека автомобилот не и’ припаѓа. Таа исто така рече дека потоа се упатила кон градот Оран во провинцијата Салта, кој се наоѓа недалеку од границата со Боливија, па истражителите се сомневаат дека дрогата во возилото била наменета за шверц, а децата ги користела како мамка, пишува Буенос Аирес Хералд.

Надлежните велат дека за време на експлозијата во воздухот излетсле 20 килограми кокаин, иако природата на инцидентот со експлозијата го отежнува точното одредување колку од дрогата имало во возилото пред експлозијата.

Наредникот со три деца во возилото ѝ кажала на полицијата во Салта дека не знаела за дрогата во нејзиниот автомобил и дека ја извадила од сервисната работилница непосредно пред тоа.

Чапаро, сепак, беше обвинета за кривично дело шверц на дрога, отежнато со тоа што таа била полицаец.

Извори од одделот за внатрешни работи на полицијата во Буенос Аирес изјавија дека наредникот е отстранет од должност додека инспекторите се обидуваат да утврдат дали таа дејствувала сама во шверцот или била дел од организација.