Агелер: Доказите против Груби им се достапни на властите на Македонија, последните случаи навистина предизвикаа реакција

Американската амбасадорка Ангела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД.

Таа во подкастот вели дека за случајот дека е означен од американските власти доказите им се достапни на македонските власти, но како што рече тие не се телото на прогонот.

„Доказите се тука, повеќето од нив, не сите. Може да се отвори случај од она што го има овде и во регионот и тоа е она што ние како амбасада се надеваме дека ќе се случи, но и ние не сме органи на прогон. Нема да упаднам во ничија куќа, но се надевам дека ова ќе предизвика акција и можам да кажам дека последните имиња на црната листа навистина предизвикаа реакција“, вели Агелер.