Агелер: Енергетската безбедност и зелената енергија се приоритети кои треба да ја надминат партиската политика

Енергетската безбедност и зелената енергија се двата приоритети кои ќе треба да ја надминат партиската политика, изјави денеска американската амбасадорка во Република Молдавија, Ангела Агелер, пренесува Телеграф Македонија.

Обраќајќи се на седмото издание на RMV Energy Forum (MEF) што се одржа во Скопје, Агелер истакна дека Северна Македонија во голема мера се опоравила од нестабилното енергетско опкружување, но се уште има вистински предизвици. Според неа, земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод, со што ќе се елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите за одредени прекини во снабдувањето.

„Со интерконекторот, Mакедонија ќе може да изгради електрани на гас и да го олесни преминот на земјата од јаглен на други извори“, вели Агелер, потсетувајќи дека Македонија ја има поддршката од Соединетите Држави за спроведување на зелената транзиција.

На форумот ќе се разговара за воспоставување енергетска безбедност во регионот, трансформација на енергетската инфраструктура, одржливост на животната средина, примена на технологија и иновации, како и финансирање на реформите кон зелена транзиција.

Претставникот за новата влада Христијан Мицкоски истакна дека енергетската транзиција ќе биде приоритет на идната влада.