– Амбасадорката на САД Ангела Агелер изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.
„Срцето ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство до жртвите и нивните семејства во овој ужасен момент, додека на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади луѓе во една заедница е страшна трагедија“, напиша Агелер во објавата на Фејсбук страницата на американската амбасада во земјата.

Таа соопштува дека на премиерот му ги понудила сите ресурси на Амбасадата и секаква помош и упатува молитви за сите кои денес страдаат.