Агелер: Нема да толерираме политичко мешање во судството

Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Ангела Агелер, реагираше по објавувањето на информацијата дека Артан Груби и Енвер Беџети веќе се на американската црна листа, нарекувајќи ја пример дека политиката нема да смее да се меша во судството.

„Изборот за Артан Груби и Енвер Беџети да се најдат на црната листа е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. Соединетите Држави ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во корупција што ги поткопува демократските институции и ја нагризува довербата на јавноста. Никој не е над законот и одговорноста е суштинска за напредок“, пишува амбасадорката Агелер на својот Х профил.

Инаку, Агелер претходно предупреди дека во Северна Македонија има епидемија и црната листа ќе биде зголемена.