Агелер: Ниту за Преспа ќе има нови преговори, ниту со Бугарија за ЕУ, тие договори се завршена работа

Ниту за Преспа ќе има нови преговори, ниту со Бугарија за Европската Унија (ЕУ). Тие договори се веќе направени и ќе нема нови преговарања за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка, Анџела Агелер.

Агелер, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), вели дека граѓаните од новата Влада треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата, нагласувајќи дека секогаш постои ризик од влез на корозивен капитал и дека власта треба да одговори на сите прашања.

„Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но, тоа беше меѓународен договор, со кој тогашната влада и многу во меѓународната заедница се согласија. Ние секако бевме дел од тој процес и ние аплаудиравме. Тоа е нешто што и помогна на Македонија, сега да влезе во НАТО, и доби многу можности за да напредува во Европската Унија. Бевме многу задоволни што новиот премиер и неговите министри кажаа “Северна“ во заклетвата.Тоа е од клучна важност и фундаментален дел од Договорот. Сега многу внимателно ќе следиме како се почитува“, изјави Агелер.