Агонија на поранешниот тренер на Ѓоковиќ! Борис Бекер ја отвори душата: Седам над мојот спакуван куфер и се надевам… (фото)

Последниот Грен слем сезонава, УС Опен, започна во понеделник на 28 август, а Новак Ѓоковиќ фуриозно ја започна потрагата по нова титула – го победи Французинот Александар Милер со 3:0 во сетови (6:0, 6:2 , 6:3).

И додека Ноле доминира неговиот поранешен тренер Борис Бекер, минува низ агонија. Нему му беше одбиена виза за влез во Соединетите Американски Држави, па даде изјава во која си ја отвори душата.

– „Почитуваните американски власти, многу внимателно ја разгледаа апликацијата за виза и ми објаснија дека не можам да добијам нова поради мојата историја. Аплицирав за виза одамна, а сега седам на мојот спакуван куфер, така да кажам, и секој ден се надевам на позитивни вести дека можам да ги извадам соодветните документи и да одлетам за САД – изјави Бекер.

Да потсетиме, Германецот до неодамна беше во затвор поради затајување данок, финансиски малверзации и банкрот и затоа не може да влезе во Соединетите Американски Држави.

Инаку денес се игра третото коло на УС Опен, а она што најмногу ја интересира публиката е секако дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Ласло Џере, кој се игра на централниот терен на Артур Еш.

Она што не е добро и што нема да ги воодушеви навивачите е што натпреварот беше најавен како последен на Артур Еш. Значи, нема да започне пред 02:30 по средноевропско време, ноќта меѓу петок и сабота.

Да потсетиме, Ѓоковиќ и Џере имаат играно само еднаш во кариерата, а тоа беше лани на Србија опен, коаг славеше Ѓоковиќ во тесен меч, кој беше решен во тај-брејк.