Адвокатите на Пи Диди повторно бараат поништување на судењето, тврдејќи дека обвинителите дале лажно сведочење
Адвокатите на Шон Диди Комбс поднесоа ново барање за поништување на судењето во неговиот случај поврзан со обвинувањата за трговија со луѓе за сексуална злоупотреба.
Имено, ова е веќе второ барање за краток период од две недели. На 7 јуни, одбраната писмено го извести судијата Арун Субрамијана за она што тие го тврдат како сериозни неправилности направени од обвинителството во текот на постапката.
Во писмото, до кое дојде „Пипл“, исто така се тврди дека обвинителството презентирало сведоштво за кое знаело или требало да знае дека е неточно. Тврдењето е дека Комбс наводно ја држел пријателката на Кеси Вентура, Брајана Бонголан, преку работ на балкон во септември 2016 година. Одбраната тврди дека ова сведоштво не може да биде точно бидејќи текстуалните пораки што ги доставиле покажуваат дека Вентура дознал за инцидентот дури откако наводно се случил.
Одбраната дополнително нагласува дека овој настан бил клучен доказ што го користело обвинителството за да го прикаже Комбс како агресивен и застрашувачки човек, но дека сведочењето на г-ѓа Вентура е лажно и може да се докаже како такво. Исто така, во писмото се наведува дека биле прикажани фотографии од повредите што Бонголан наводно ги добил за време на инцидентот, кои, според одбраната, се случиле на 26 септември 2016 година во Лос Анџелес, додека Комбс наводно бил во Њујорк во тоа време.
Дополнително, одбраната тврди дека обвинителството постојано се обидувало да се меша во вкрстеното испрашување на сведоците, кое требало да ги разоткрие неточностите во нивните искази. Овој инцидент на балконот беше истакнат како само еден пример за неправилности во текот на овој процес.
Да ве потсетиме дека првото барање за откажување на судењето беше поднесено од одбраната кон крајот на мај, откако се појавија прашања за евентуалното уништување на доказите поврзани со пожарот на автомобилот на Кид Куди.
Одбраната потоа тврдеше дека ваквите прашања предизвикале сомневања кај поротниците дека Комбс би можел нелегално да влијае на судењето, но судијата го отфрли барањето, сметајќи дека поставените прашања не биле предрасудни.