Адел се појави пред 80.000 луѓе, откри тајна и ги шокираше сите: пејачката раскажа детали од својот интимен живот

Адел (36) синоќа го одржа третиот по ред во Минхен, од вкупно десет концерти, кои ги закажа во овој германски град.

И овој пат таа беше на висина на задачата и одржа спектакуларен концерт пред 80.000 луѓе пред преполниот стадион кој Германците го изградија специјално за нејзините настапи.

Британската пејачка Адел неочекувано откри интимни детали од приватниот живот за време на паузата меѓу две песни кои никој не ги очекуваше.

Имено, таа откри дека се верила со спортскиот агент Пол Ричи! Пејачката на присутните им кажа дека се мажи додека покажуваше голем дијамантски прстен. 

Некој од публиката држеше натпис со порака упатена до Адел: „Сакаш да се омажиш за мене?“. Музичката ѕвезда одговори: „Не можам да се омажам за тебе, бидејќи веќе се мажам“.

Адел и основачот на Klutch Sports Group се свршија минатиот месец во Тотенхем, Лондон, каде што е родена пејачката, што Рич го зел предвид кога ја свршил.

Познатата пејачка и спортскиот агент официјално се во врска од јули 2021 година кога се појавија на натпревар во НБА. Адел за списанието Ролинг Стоун изјави дека Пол Рич е неверојатен и со големо срце. Рекла дека врската со него и била најлесната врска во животот.

 

Адел беше во брак со Сајмон Конецки, со кој доби син, а се разведоа во 2018 година.