Аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ со 38% повеќе патници

Бројот на патници што патувале низ двата најпрометни турски аеродрома во Истанбул се зголеми за 38 отсто на годишно ниво во првиот квартал од оваа година.

Аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ пречекале 24,5 милиони патници во периодот од јануари до март, според податоците собрани од Анадолу од Генералниот директорат на државната управа за аеродроми.

Аеродромот „Истанбул“ забележал вкупно 16,5 милиони патници, од кои 3,6 милиони на домашни линии и 12,9 милиони на меѓународни летови.

Мегааеродромот опслужил вкупно 113.845 летови во првиот квартал оваа година.

Вториот најфреквентен центар во Туркије, аеродромот „Сабиха Ѓокчен” на анадолската страна на градот привлече 7,9 милиони патници.

Околу 3,7 милиони патници имале домашни летови преку аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, додека 4,2 милиона се патници на меѓународни летови.

Турските аеродроми во првото тримесечје од оваа година пречекаа над 38,9 милиони патници, вклучително и патниците што се во транзит, што е пораст од 31,5 отсто во однос на претходната година.

ИЗВОР: ТРТ БАЛКАН