Азербејџан и објави војна на Ерменија во Нагорно Карабах. Итна средба во Ерменија

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека започна операција во регионот Нагорно-Карабах, кој е под контрола на Ерменија. Ова е регион кој долги години е предмет на спорови и конфликти.

Единаесет азербејџански полицајци и цивили загинаа во експлозија на мина и уште еден инцидент. Во главниот град на Карабах беа пријавени сирени за воздушна опасност.

Двата соседи, Азербејџан и Ерменија, војуваа двапати за Нагорно-Карабах, прво во раните 1990-ти по распадот на Советскиот Сојуз и повторно во 2020 година. Од декември, Азербејџан де факто го блокираше единствениот пат до енклавата од Ерменија, познат како коридор Лачине.

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата „со помош на високопрецизно оружје“ почнала неколку часа по смртта на четворица војници и двајца цивили во експлозија на мина во Нагорно-Карабах, една од најминираните области во светот.

Новинарите на Франс прес јавија дека слушнале детонации во Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах.

Нагорно-Карабах и голем дел од околните територии се под ерменска контрола од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година, но Азербејџан ги врати овие територии во шестнеделната војна во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство на Русија, а оттогаш таму се наоѓа  и контингент руски мировници.

Азербејџан тврди дека по примирјето, Ерменија шверцува оружје во областа. Поради овие тврдења, блокиран е единствениот пат што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија, што предизвика недостиг на храна и лекови во тој регион.

Ереван го обвинува Баку, кој ги негира обвинувањата, дека предизвикал хуманитарна криза во Нагорно-Карабах со блокирање на „Коридорот Лачин“ од крајот на 2022 година, а ја обвинува и Русија дека не прави ништо.

Русија денеска апелираше до Азербејџан и Ерменија да го „запрат крвопролевањето“ во Нагорно-Карабах и да се вратат на „мирно решение“ на ситуацијата во оваа енклава.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека „Русија итно повикува на прекин на крвопролевањето и враќање на мирно решение“, додавајќи дека „сите фази на мирно решение се прецизирани во договорите потпишани во 2020 и 2022 година“.