Азербејџан: Нелегалниот, сепаратистички, марионетски режим во регионот Карабах во Азербејџан мора да се распушти
– Ерменските вооружени сили стационирани во регионот Карабах во Азербејџан мора да бидат разоружени, изјави денес помошникот на азербејџанскиот претседател, Хикмет Хаџиев.
„Нелегалниот сепаратистички марионетски режим мора да се распушти, а Ерменските вооружени сили стационирани во регионот Карабах во Азербејџан да бидат разоружени“, изјави Хаџиев на платформата на социјалните мрежи Х, порано позната како Твитер.
„Правата и безбедноста на цивилите со ерменско потекло во регионот Карабах во Азербејџан ќе бидат заштитени во согласност со Уставот и меѓународните обврски на Азербејџан“, додаде Хаџиев.
Тој рече дека неговата земја „применува прецизно водена муниција против легитимни воени цели и, со сите средства, избегнува колатерална штета на цивилите“.
Претходно, азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека започнале „антитерористичките активности“ во Карабах за „потиснување на големи провокации во економскиот регион Карабах, за разоружување и обезбедување повлекување на формациите на Вооружените сили на Ерменија од нашите територии, за неутрализирање на нивната воена инфраструктура, обезбедување на безбедноста на цивилното население вратено на териториите ослободени од окупација, цивилите вклучени во градежните и реставраторски работи и нашиот воен персонал и на крајот да се врати уставниот поредок на Република Азербејџан“.
Тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија започнаа во 1991 година кога ерменската војска го окупираше Нагорно Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и уште седум соседни региони.
Есента 2020 година, Азербејџан ослободи неколку градови, села и населби од ерменската окупација во текот на 44-дневните судири. Војната заврши со прекин на огнот со посредство на Русија.
Тензиите меѓу двете нации, сепак, продолжуваат и покрај тековните разговори за долгорочен мировен договор.