Трговскиот промет меѓу Германија и Русија падна за 76 отсто во првите седум месеци од оваа година на 8,4 милијарди евра.
Ова го изјави претседателката на германскиот економски комитет Катрина Клас-Милхаузер.
Годишното намалување изнесува 27 милијарди евра, рече таа.
„Меѓу глобалните трговски партнери на Германија, Русија падна од 14. на 36. место“, изјави Клас-Милхаузер, пренесува ТАСС.
Повеќето германски компании го намалија или го намалуваат своето присуство во Русија, додаде таа, а исто така ја поздрави континуираната активност во секторите како што се здравството, земјоделството, како и делумно одржување на каналите за плаќање кон Русија.
„Целосно суспендирање на активностите на европските банки во Русија, како што побара Европската централна банка (ЕЦБ), би имало драматични последици за сите странски компании“, заклучи Клас-Милхаузер.