Ако вашиот телефон се однесува чудно, прочитајте го ова сега: 5 знаци дека ве прислушкуваат

Доколку се сомневате дека некој тајно ги следи комуникациите и активностите на вашиот мобилен телефон, внесете ги овие знаци во полето за повик и ќе дознаете сè.

Дали имате чувство дека некој ве прислушкува? Вашиот телефон се однесува чудно, батеријата брзо се празни и слушате необични звуци за време на повиците? Денес, тоа повеќе не е параноја – шпионскиот софтвер и сајбер нападите станаа достапни за речиси сите.

Подолу, ќе ги разгледаме јасните знаци дека вашиот телефон може да биде компромитиран и што можете да направите за да проверите и да се заштитите.

5 предупредувачки знаци

Необјаснето прегревање, присуство на чудни програми без икони, брзо празнење на батеријата, ненадејно зголемување на сообраќајот во позадина и спонтано активирање – сето ова се знаци дека телефонот можеби е прислушкуван.

Никита Новиков, раководител на одделот за анализа, мониторинг и одговор во „Ангара секјурити“, изјави за руската новинска агенција „Прајм“.

 

– Сето ова може да укажува на започнување на злонамерни процеси, вклучително и оние поврзани со пренос на податоци на надворешни сервери – објаснува тој.

Ако сакате да проверите дали пренасочувањето на повици е вклучено, треба да го внесете (а потоа да „повикате“) кодот во полето за повик: *#21# .