АКО ВИ СЕ СЛУЧУВА НЕКОЈ ОД ОВИЕ 4 СИМПТОМИ, ИМАТЕ НЕДОСТАТОК ОД ЕДЕН МИНЕРАЛ: Обрнете внимание, пред да биде предоцна
Ако имате недостаток или вишок на минерал или витамин, најдобро е секогаш да се консултирате со вашиот лекар, но еве кога треба да го посетите
Луѓето од детството живеат со недостаток на магнезиум и чуствуваат благи проблеми. Замор, болки во синусите, главоболки, сето тоа може да бидат поблаги симптоми на недостаток на овој минерал.
Тоа е еден од ретките минерали кои не можеме да ги внесеме преку храната во доволни количини.
Според Клиниката во Кливленд, Националниот институт за здравје, исто така, вели дека не е толку вообичаено да има симптоми поврзани со несоодветни нивоа на магнезиум.
Значи, можеби имаме недостаток на магнезиум без да го знаеме.
„Недостатоците на магнезиум понекогаш е тешко да се дијагностицираат, делумно затоа што многу од почетните симптоми може да укажуваат на голем број други здравствени проблеми. Од друга страна, некои луѓе немаат никакви симптоми“, објаснува д-р Наоки Умеда.
Како што открива, некои од првите знаци на недостаток на магнезиум може да бидат замор , губење на апетит, грчеви во мускулите, гадење и слабост. Ако недостатокот на магнезиум не се лекува, работите може да се влошат, па сериозен недостаток на магнезиум може да резултира со:
- абнормален срцев ритам
- вкочанетост и пецкање
- промени на личноста
- епилептични напади.
Важно е да разговарате со вашиот лекар ако забележите некој од овие знаци на недостаток на магнезиум . Тие можат да направат анализа на крвта или да го проверат нивото на калциум и калиум за да ни помогнат да го откриеме проблемот, пренесува Index.hr.