Ако не сакате проблеми во вашиот живот, дури ни финансиски проблеми, следете ги овие совети, бидејќи некои предмети го блокираат напредокот и ги попречуваат животните успеси, па затоа е многу важно што поскоро да ги отстраните од дома.
Некои работи во куќата можат да носат лоша енергија бидејќи се врзани за лоши спомени или едноставно ако се оштетени.
Оштетени садови
Сè што е во кујната и се користи за приготвување или послужување на храна и пијалоци треба да биде целосно, односно неоштетено. Предметите кои имаат секаков вид оштетувања, дури и гребнатини, одбиваат позитивни вибрации.
Подароци за кои немате убави спомени
На сите ни се случило некој близок да ни подари нешто што не ни се допаѓа или одредени предмети во куќата да не потсетуваат на лоши работи, како на пример поранешни љубови или пријателства кои завршиле насилно.
Погрижете се да се ослободите од таквите работи за да направите простор за некои попријатни спомени во вашиот живот.
Облека и чевли што не ви се допаѓаат
Сè што е во вашата гардероба не само што треба да ви биде од корист, туку и по ваш вкус.
Она што не ви одговара и предизвикува лоши емоции го блокира протокот на позитивна енергија и треба што поскоро да го фрлите или да го подарите.
Празни тегли или шишиња
Во куќата чуваме многу предмети кои моментално немаат функција во случај да бидат потребни. Навистина не ни требаат повеќе од неколку празни тегли.
Акумулирањето шишиња и тегли го нарушува нормалниот проток на позитивна енергија, спречувајќи просперитетот и радоста да влезат во вашиот живот.
Стари свеќи
Според експертите за фенг шуи, огнот ја уништува негативната енергија и помага да се ослободи простор за среќа.
Затоа миризливите свеќи се популарно помагало за медитација, релаксација и попријатно чувство во домот. Сепак, полузапалената свеќа не е корисна, таа се смета за отпад на енергија и мора да се замени со нова свеќа што е можно поскоро.