– Мачките во градовите одржуваат рамнотежа, ги уништуваат глодарите и го штитат подрачјето од други животни. Доколку исчезнат мачките во градот, би се појавил проблем со прекумерен број глувци и стаорци, чие решавање со труење и слично би довело до многу други, еколошки и здравствени проблеми за луѓето.
Освен што се корисни, мачките со своето присуство, исто така, ги разубавуваат градските улици и паркови, а и ги развеселуваат минувачите и туристите. Како што пренесува босанскиот портал „Кликс“, речиси е невозможно да се прошета, на пр. низ Сараево, без да се види барем една од овие улични „градски мрзеливки“ како дреме на сончево време или љубопитно набљудува што се случува околу неа.
Советот гласи – чувајте ги уличните мачки и тие ќе го чуваат, пазат и заштитуваат вашиот и нивен град.
Ако им се дозволете да живеат мирно со луѓето, според познавачите, уличните мачки не бараат многу – можеби по некој сад свежа вода налето, засолниште зиме и малку храна.