АКО ГО ОСТАВИТЕ АВТОМОБИЛОТ ПОЛОВИНА ЧАС НА СОНЦЕ, ПОСЛЕДИЦИТЕ СЕ КАТАСТРОФАЛНИ – Температурите скокаат до 80 степени!
Оставањето деца и животни во автомобил на силна сончева светлина и топлина може да има фатални последици за кратко време.
Секое лето има неколку случаи кога невнимателните родители го оставаат своето дете заклучено во автомобил на светло сонце, а последиците од ова невнимание можат да бидат фатални.
Со оглед на тоа што се тропски денови, важно е возачите да бидат свесни дека ако автомобилот е паркиран на сонце со затворени прозорци, а надвор е 24 степени, температурата во автомобилот може да достигне 38 °C за само 10 минути. Ако автомобилот седи на сонце 30 минути, температурата во кабината ќе се искачи на 50 степени Целзиусови.
На деловите од внатрешноста на возилото, кои се директно на сонце, по некое време можеме да измериме дури 80 степени.
Значи, јасно е дека автомобилот на сонце не е место за оставање деца или животни, дури и ако мислите дека го правите тоа само за кратко време.
Поради послабата можност за терморегулација на телото на детето, телото на детето се загрева три до пет пати побрзо од телото на возрасен. Високата надворешна температура за многу кратко време може да доведе до зголемување на телесната температура и топлотен удар кај децата. Само 15 минути престој во прегреан автомобил може да предизвика оштетување на мозокот и бубрезите.