Ако имате висок крвен притисок, почнете да ги правите овие активности за да го контролирате

Вежбање или вклучување во одредена физичка активност е добро за сите луѓе, вклучувајќи ги и оние со висок крвен притисок. За луѓето кои имаат висок крвен притисок, не се препорачува напорно вежбање, но правењето некои лесни вежби е добро и корисно за нивното здравје. Ако сте меѓу оние кои имаат висок крвен притисок и сакаат да бидат физички поактивни, можете да испробате една од овие активности.

Одење

Одење, брзо одење или џогирање од дваесет до триесет минути дневно може да помогне во намалувањето на високиот крвен притисок. Било која од овие активности ја подобрува циркулацијата на крвта во телото, помага при регулирање на тежината, но има и позитивно влијание врз менталното здравје и помага во намалување на стресот. 

Пливање

Пливањето е корисна вежба која му користи на целото тело. Доколку го изберете пливањето како активност со која сакате да се занимавате, имајте на ум дека тоа е добра опција бидејќи го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем и може значително да го намали крвниот притисок. Во исто време го подобрува капацитетот на белите дробови и мускулната сила, пренесува Health Shots.

Возење велосипед

Возењето велосипед, било на отворено или внатре, со умерено темпо од 30 до 45 минути неколку пати неделно може да го подобри здравјето на срцето и да го намали крвниот притисок. Оваа активност можете да ја правите секогаш кога имате време, а таа промовира подобар проток на крв и кардиоваскуларна функција.

Истегнување

Според Health Shots, редовните вежби за истегнување ја подобруваат флексибилноста и циркулацијата на крвта, што може да помогне во намалувањето на крвниот притисок. Одвојте 10 до 15 минути секој ден за истегнување. Ќе се чувствувате подобро, но и ќе влијаете на подобрената циркулација на крвта.