Ако имате проблеми со лошото расположение, добрата вест е дека една храна навистина може да ви биде од корист
Ако имате проблеми со лошото расположение, добрата вест е дека една храна навистина може да ви биде од корист.
„Една од клучните намирници кои можат позитивно да влијаат на нашето расположение се јаткастите плодови. Само 30 грама јаткасти плодови дневно може значително да го подобри нивото на серотонин во мозокот, што е поврзано со чувството на среќа и задоволство“, вели нутриционистката Ана Сенчиќ.
Наведува и дека јаткастите плодови се полни со есенцијални масни киселини, протеини и минерали. Меѓу нив се магнезиумот и цинкот, кои учествуваат во регулирањето на расположението.
„Освен тоа, тие се природен извор на антиоксиданси кои можат да помогнат да се намали стресот и да се подобри целокупното ментално здравје“, рече таа.
Имајте на ум дека треба да консумирате јаткасти плодови како дел од урамнотежена исхрана. Комбинирајте ги со овошје, зеленчук и друга здрава храна.
„Важно е да се напомене дека среќата не е само во исхраната, туку и во целиот начин на живот. Заедно со редовната физичка активност, доволно спиење и позитивните меѓучовечки односи, малиот додаток на јаткасти плодови може да биде чекор кон секојдневната благосостојба“, изјави Сенчиќ.