Ако користите iPhone, мора повторно да го ажурирате! Заради безбедност, направете го тоа што е можно поскоро
Иако iOS 18.2 неодамна пристигна, Apple ги советува корисниците веднаш да ги ажурираат своите уреди со најновата верзија на iOS 18.2.1 поради важни безбедносни подобрувања.
Помалку од еден месец по официјалното објавување на iOS 18.2, „ Епл“ веќе ги објави iOS 18.2.1 и iPadOS 18.2.1, кои носат важни поправени грешки .
Технолошкиот гигант од Купертино им препорачува на сите корисници да ги ажурираат своите телефони и таблети со најновата верзија на нивниот интерфејс што е можно поскоро од безбедносни причини.
Ажурирањето на iOS 18.2.1 зафаќа помеѓу 372 и 511 MB, во зависност од уредот на корисникот. Како што е вообичаено, известувањата за ажурирање треба автоматски да се појавуваат на
iPhone и iPad кои ја поддржуваат таа верзија на софтверот, а исто така е можно рачно да се провери достапноста на ажурирањата во поставките, пишува GSMArena.
Патем, неодамна претставениот iOS 18.2 пристигна со многу нови функции на „Apple“ Intelligence, кои ги вклучуваат алатките Image PlayGround и Genmoji. Но, можеби најинтересно од сè, ја вклучува и долгоочекуваната интеграција со ChatGPT до која корисниците можат да пристапат преку Siri или алатките за пишување на Apple.
Не е потребна корисничка сметка за користење на ChatGPT, иако корисниците можат да се логираат на неа доколку сакаат.