Атракцијата не е само прашање на изглед или самодоверба – таа се заснова и на карактерот, однесувањето и начинот на кој личноста се однесува кон другите. Додека некои мажи природно привлекуваат партнерки со својот став и личност, други несвесно ги одбиваат со одредени навики кои издаваат несигурност, незрелост или недостаток на емоционална зрелост. Овие навики не се секогаш очигледни, но имаат силен ефект врз тоа како жените ги доживуваат.
Според советничката за семејство и брак Тина Феј, одредени модели на однесување можат значително да влијаат на квалитетот на врската. Подолу се навиките кои можат да ги откријат лошите партнери.
Прекумерна посесивност
“Мажите кои се обидуваат да ја контролираат својата партнерка и постојано треба да знаат каде е и со кого поминува време, често несвесно ја задушуваат врската. Таквото однесување произлегува од несигурноста и недовербата, а жените брзо го препознаваат како знак на нееднаква динамика. Наместо да создаваат чувство на сигурност, прекумерната посесивност создава притисок и ја турка партнерката”, објаснува Хак Спиит.
Недостаток на емпатија
Емпатијата е клучна за здрава врска, а мажите кои не покажуваат разбирање и сочувство кон партнерот тешко им е да изградат подлабока врска. Советникот истакнува:
,,Ако жената чувствува дека нејзините чувства не се важни или дека се минимизирани, таа постепено ќе стане емоционално оддалечена. Од друга страна, способноста да ги слуша и да ги цени емоциите на партнерот покажува емоционална интелигенција и ја зајакнува меѓусебната доверба”.
Страв од ранливост
Иако често се верува дека мажот треба да биде силен и непоколеблив, потиснувањето на емоциите може сериозно да ја оштети врската, тврди Феј. “Мажите кои одбиваат да ги признаат своите чувства или покажуваат слабост често создаваат емоционална дистанца, што ја прави партнерката несигурна за нивната поврзаност. Способноста да се изразат емоции и да се признаат сопствените несигурности покажува емоционална зрелост и придонесува за посилна врска”, објаснува таа.
Недостаток на амбиција
„Привлечноста не е поврзана само со кариерата или финансискиот успех, туку и со личниот развој и мотивацијата за напредок. Мажите кои не покажуваат интерес за сопствениот раст и се задоволни со стагнација често оставаат впечаток на пасивност и незаинтересираност за животот. Спротивно на тоа, партнерите кои имаат страст за нешто и постојано се трудат да учат и развиваат, ја одржуваат врската динамична и возбудлива.
Избегнување на одговорност
Мажите кои не преземаат одговорност за своите постапки, а наместо тоа ги обвинуваат другите, често предизвикуваат фрустрации кај своите партнерки. Таквиот став може да остави впечаток на незрелост и неможност да се решат проблемите во врската. Од друга страна, способноста да се признаат грешките и подготвеноста за промена се клучни за стабилна и здрава врска.
„Овие навики можеби не трајно обележуваат некого, но јасно укажуваат на модели кои можат да ја ослабат врската и да ја намалат привлечноста. Мажите кои се подготвени да работат на себе, развиваат емоционална интелигенција и преземаат одговорност за своите постапки не само што стануваат попривлечни за партнерите, туку и градат поквалитетни и поисполнителни врски“, заклучи советничката.