Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се приклучи на TikTok, социјалната мрежа што се обиде да ја забрани додека беше претседател на САД.
Политико, кој прв ја објави веста, рече дека Трамп го објавил првичното видео на својот профил во саботата вечерта. Во видеото, Трамп ги поздравува фановите на борбата за Ultimate Fighting Championship во Њуарк.
Профилот со корисничко име @realdonaldtrump досега собра околу три милиони следбеници.
Да потсетиме, ByteDance пред суд го оспорува американскиот закон според кој мора да го продаде TikTok или да се соочи со забрана.
Белата куќа вели дека не сака да го забрани TikTok, но од причини за национална безбедност сака социјалната мрежа повеќе да не е во кинеска сопственост.
Судот го блокираше обидот на Трамп да го забрани ТикТок во 2020 година додека беше претседател – тој во март рече дека платформата е закана за националната безбедност, но и дека забраната ќе им наштети на младите и само ќе ја зајакне платформата на Фејсбук, што силно ја критикува.