Ако ова се случи, семејството на Коста К. може да изгуби се што има: “Она што го прават родителите на жртвите е уникатен случај!“
Суд во Белград донесе нова одлука со која определи привремена мерка со која се забранува продажба или ставање под хипотека на голем број нови имоти во Ниш, Параќин и Белград, за кои е утврдено дека се сопственост или косопственост на мајката на момчето-убиец, Коста. К., кој во основното учичиште „Владислав Рибникар“ уби девет врсници и еден училишен чувар.
Како што дознава српски Курир, покрај првата мерка која се однесувала на станот и гаражата во нејзина сопственост, како и два стана во кои се во нејзина косопственост во Белград, откриено е дека мајката на момчето поседува многу имот во Ниш и половина од една зграда во Параќин, но и половина од вкупно 20 градежни и земјоделски парцели во Параќин и Ниш.
„Судот изрече времена мерка за обезбедување идни парични побарувања, по предлог на 27 членови на потесно семејство на загинатите во основното училиште ‘Владислав Рибникар‘. Тоа не значи дека некој го конфискувал и трајно го одзел имотот на мајката, туку дека и било забрането да го продаде или да стави хипотека врз него, па доколку на членовите на потесното семејство им се досуди паричен надоместок за претрпената душевна болка и страдање… во граѓанска постапка би се наплаќале од тој имот“, објаснува извор запознаен со случајот за српски Курир.
На мајката на момчето и било забрането да го продаде и својот автомобил што го поседува, а на Народната банка на Србија и на јавниот извршител и било наложено да ги префрлат и уплатат сите средства што ги имаат на сметките на сите деловни банки.
„Судот наложи и готовина, накит и хартии од вредност кои се наоѓаат на сите адреси на куќи, станови и сметки, односно сефови, да бидат наведени и одземени од мајката и да се стават на сметката на јавниот извршител“, објаснил соговорникот на српски Курир.
Тој објаснува и дека мерките што ги донел судот не значат дека мајката не може, на пример, да вози сопствен автомобил или да живее во свој стан.
„Сигурно може да се користи недвижен имот, автомобил, земјиште. Никој не и забранил, да речеме, да изнајмува станови. Но, единственото нешто што не смее да се направи до крајот на парницата е да се продаде или да се стави под хипотека недвижноста. Решението на судот е проследено до катастар, а мајката има право на жалба, но жалбата не го одлага извршувањето“, објаснува тој. Иако мајката на детето кое изврши страшно злосторство, додава соговорникот, не одговара кривично за тоа што го направил 13-годишникот, таа одговара за штетата што тој ја нанел бидејќи не наполнил уште 14 години.
„Никој и ништо не може да им ги врати децата на родителите, но ова е уникатен случај кога 27 најблиски членови на семејството на убиените поднесоа заедничко барање за надомест на нематеријална штета поради смрт на блиски луѓе. Тие имаат право да бараат надомест за претрпената болка и страдање, за што судот ќе одлучи во текот на постапката“, вели соговорникот на весникот кој додева односно потсетува на шпекулации дека родителите на момчето се обиделе да го префрлат имотот на трети лица преку нотар.