Среќата не е постојана состојба или особина, туку секојдневна практика која не води кон попозитивен поглед на себе и на светот околу нас. Додека многу луѓе сакаат да се разбудат насмеани и да се чувствуваат благодарни, новото истражување покажува дека среќата е емоција како лутина или тага – таа доаѓа и си оди, во зависност од моменталните околности. Затоа, поважно е да се стремиме кон исполнување и задоволство во животот отколку константна среќа.
Психологот др. Кортни Ворен сподели три дневни навики кои можат да го зголемат чувството на задоволство и да доведат до почести моменти на среќа. Еве што истакна таа.
1. Бидете благодарни
„Колку повеќе ги препознавате добрите работи што веќе ги имате во вашиот живот, толку подобро ќе се чувствувате за себе и за светот околу вас. Намерно ценете го она што веќе го имате и она што го сакате“, вели психологот за YourTango.
2. Променете го начинот на кој размислувате
Лесно е да се фокусирате на она што не оди добро и да станете опседнати со тоа. д-р. Ворен истакнува: „Наместо тоа, фокусирајте се на она што го сакате во вашиот живот и што можете да промените. Престанете да размислувате за тоа што не ви се допаѓа, што немате или што не можете да промените“.
3. Негувајте позитивни односи
На сите ни требаат луѓе со кои чувствуваме чувство на припадност и значајна поврзаност.
,,Колку повеќе време поминувате со луѓето што ги сакате, ги цените и уживате во нивното друштво, толку подобро ќе се чувствувате“, вели др. Ворен.
Затоа, неопходно и важно е да ги негуваме здравите врски што ги имаме во нашите животи.