Слабеењето често започнува со фокусирање на оброците, додека грицките се занемаруваат. Сепак, експертите предупредуваат дека овој пристап е погрешен. Ако немаме здрава ужина при рака, веројатно е дека подоцна ќе се прејадеме или ќе посегнеме по нездрави опции богати со калории.
Планирањето на закуски е исто толку важно како и планирањето на оброците за да се спречи прејадување и да се одржи тежината на долг рок, истакнуваат експертите.
Една од најпофалените закуски за слабеење се јаткастите плодови. Иако содржат повеќе калории, телото не ги апсорбира сите овие калории, што ги прави безбедни за консумирање. Истражувачите од Универзитетот Харвард открија дека „замената на грицките со висока содржина на натриум како чипсот со јаткасти плодови може да помогне во одржување или губење на тежината“, пишува SheFinds. Покрај тоа, тие се богати со протеини и влакна, што го продолжува чувството на ситост.
Јаткастите плодови придонесуваат и за општото здравје. Тие се полни со антиоксиданси и антиинфламаторни својства и докажано е дека го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар и помагаат во намалување на холестеролот. Нивниот нутритивен профил ги прави корисни не само за слабеење, туку и за општата благосостојба на телото.
Исто така, бадемите се особено поврзани со губење на тежината и антиинфламаторно дејство, додека ф’стаците, богати со растителни влакна, можат да помогнат во намалувањето на скоковите на шеќерот во крвта после оброкот.