“АКО САКАШ ДА ОСВОИШ НЕКОЈ, НАПРАВИ ГО ОВА!“ – Поранешна руска шпионка ги открива тајните на заведувањето – жените постојано прават една работа погрешно
Поранешна шпионка во Советскиот Сојуз која морала да избега од Русија поради неуспешна мисија, Алија Роза (37 г.) денеска го најде своето место под сонцето во Холивуд. Таа се занимава со глума, но и мода и односи со јавноста во Лос Анџелес.
Таа се нарекува себеси експерт за психологија на мажите и не е ни чудо, со оглед на тоа што тврди дека поминала години и години учејќи ги техниките на заведување на КГБ. Била тренирана да добива каква било информација. Поради сето тоа решила на жените да им ги открие тајните на заведувањето на мажите.
„Ме учеа како брзо и лесно да заведам маж, вклучително и опасни криминалци“, се пофали таа во интервју за американските медиуми.
„Прво, ако сакате да заведете некого, треба да почнете од себе“, вели таа и објаснува: „Сакувајте се себеси и работете на градење на вашата самодоверба. Мажите ќе се однесуваат со вас онака како што се однесувате кон себе“.
Алија Роза ги повика жените да не се фокусираат премногу на својот физички изглед и да не изгледаат премногу достапни за мажот што сакаат да го привлечат.
„Мажите не се грижат за изгледот колку што се грижат за вашата личност, харизма и сексуалност. Не правете пластични операции за мажи и не држете диета ниту за нив“, тврди таа.
Алија Роза ги повика жените паметно да си ги изберат „целите“.
„Не трошете го вашето време на мажи кои никогаш нема да се променат. Проучете ги вашите цели. Тестирајте ги. Не очекувајте да се променат за една година. Ценете се себе си и вашата личност и продолжете понатаму“, објаснува Алија Роза и ги советувала сите жени да најдат човек со кој имаат исти интереси.
„Ако сакате спортски навивачи, одете на спортски настани, ако сакате кариеристи, одете на конференција. Заедничките интереси ги обединуваат луѓето“, заклучува таа.