„Ако ја запреме војната, значи изгубивме“ – Нетанјаху бесен на Американците кои повикаа на избори во Израел

Бенјамин Нетанјаху одговори на повикот на Чак Шумер, лидерот на американскиот Сенат и сојузник на Џо Бајден, Израел да одржи нови избори.

Шумер во четвртокот рече дека верува оти Нетанјаху „го загубил патот дозволувајќи неговиот политички опстанок да има предност пред најдобрите интереси на Израел“.

Израелскиот премиер одговори денеска, велејќи дека паузата во борбите за да се дозволи одржување на избори ќе ја парализира земјата со месеци:

– Ако ја прекинеме војната сега, пред да се постигнат сите нејзини цели, тоа значи дека Израел ја загуби војната, а ние тоа нема да го дозволиме. Затоа, ние не можеме и нема да подлегнеме на овој притисок… Ниту еден меѓународен притисок нема да не спречи да ги постигнеме сите цели на војната: елиминирање на Хамас, ослободување на сите наши заложници и обезбедување Газа никогаш повеќе да не претставува закана за Израел – рече Нетанјаху.