Актерката во еден потег ги налути муслиманите

Актерката Ања Тејлор-Џој се појави на премиерата на филмот „Дина: Втор дел“ во костим налик на хиџаб, што ги налути муслиманите.

Актерката носеше бел фустан, но над него носеше марама која потсетува на муслиманска бурка и хиџаб.

Муслиманската заедница тогаш ја обвини за културно присвојување на муслиманската култура, пишува Daily Mail.

Актерката доби бурни реакции од фановите на платформата Х, порано позната како Твитер, поради контроверзниот изглед, додека други го бранеа нејзиниот стајлинг.

Некои напишаа: „Зошто Ања Тејлор-Џој носи хиџаб?“ и „Кога бела девојка го носи, тоа е мода, а кога кафеава или муслиманка го носи, тоа е угнетување“.

Фустанот е создаден од Диор и е инспириран од нивниот модел ‘hyménéé’ од пролетната сезона во 1961 година.