Актерката доживеа невиден пех! Изгледаше божествено, а потоа се случи модна катастрофа за време на Оскарите
Актерката Ема Стоун (35) доживеала непријатност на доделувањето на Оскарите, кога фустанот што го носела целосно се расцепил во задниот дел.
Ема освои Оскар на 96. доделување на оваа престижна награда, за главна актерка во филмот „Сиромашно суштество“. Тоа е веќе втор Оскар за Ема, откако ја доби наградата за најдобра главна женска улога во филмот „Ла Ла Ленд“ во 2017 година
При прифаќањето на наградата на 96-тото доделување на Оскарите, Ема Стоун откри дека имала проблем со фустанот.
– Таа се скина. Мислам дека тоа се случи за време на песната ‘I’m Just Ken’ – изјави Ема Стоун, која заедно со остатокот од публиката со ентузијазам ја следеше изведбата на таа песна на доделувањето.
EMMA STONE TRULY THOUGHT LILY GLADSTONE WAS GOING TO WIN THE OSCAR OMG #Oscars pic.twitter.com/2Ds3idbXKN
— kelechi (@kelechi_ai) March 11, 2024
Ема Стоун на доделувањето се појави во светло зелен фустан без прерамки на Луј Витон, кој го спои со ѓердан со жолт дијамант од 30 карати.