АКТЕРКАТА ОД „БОЉИ Живот“ СНИМАЛА ФИЛМОВИ ЗА ВОЗРАСНИ! Сите ја знаат како секретарка на Мајковиќ – а сега испливаа ФОТОГРАФИИ!
Актерката Ванеса Ојданиќ на почетокот на кариерата снимаше провокативни сцени.
Актерката Ванеса Ојданиќ на публиката и е позната како епизодна глумица во некои од култните југословенски филмови и серии.
Во осумдесетите години на минатиот век, Ванеса играше во сериите „Бољи живот“, „Семејно богатство“, филмот „Жикина Династија“ – во култната серија со Цеца Бојковиќ и Драган Бјелогриќ ја играше секретарката на легендарниот Мајковиќ, кого го глуми Ташко Начиќ, а во „Жика династија“ таа е убавицата која Жика и Милан ја пипкаат во трамвај.
Неодамна беше откриено дека пред нејзината кариера во југословенските серии и филмови глумела во продукциите „Еротска страст“.
Скриншотовите и снимките од овој филм, каде актерката може да се види додека се тушира, може да се најдат на Интернет, а актерката, наводно, покрај ова остварување, пишува Еспресо, ги снимала и „Похотни перверзии“ и филмот „Мојот Бакнеж“.
На најпознатата светска филмска веб-страница ИМДБ, како и на бројни други веб-страници, пишува дека Ванеса Ојданиќ играла под псевдонимот Ванеса Даниќ во филмот „Еротска страст“, а во другите „акциони“ продукции се појавувала и под псевдонимот Ванесса Озданиќ.