За оваа појава таа избра многу провокативен стајлинг и поприроден изглед.
Една од најпопуларните пејачки и актерки од помладата генерација, божествената Зендаја , на која многумина и ја даваат титулата за најдобро облечена жена во светот, деновиве го промовира својот нов филм „Дајне 2“, а се појави пред публиката во Њујорк во уште еден многу предизвикувачки стајлинг.
Малку жени би се осмелиле да го облечат овој аутфит во кој ќе застанат пред целиот свет, но Зендаја и овој пат самоуверено го понесе тоа.
Воедно, очекувано привлече најголемо внимание, а луксузниот бел фустан со смело деколте го потпишува модната куќа Стефан Ролан.
Фустанот е украсен со златни детали на рабовите, а оваа креација актерката ја заокружи со знакот на прстен на раката, долги златни нокти, како и опуштена фризура и неутрална шминка.