АКТЕРКАТА ПОЈАСНИ- Скарлет Јохансон: Имав Инстаграм само три дена

Сфатив дека поминав скоро 20 минути гледајќи во нечиј профил

Актерката Скарлет Јохансон, гостинка во подкастот „The Skinny Confidential Him & Her“, раскажа зошто нема профил на социјалните мрежи, па макар и скриен.

Како нежен цвет

  • Неможам. Моето его и мозок се премногу кревки. Јас сум како нежен цвет – рекла актерката. Вели дека и онака е анксиозна без да користи социјални мрежи, но еднаш накратко имаше профил на Инстаграм.

-Имав Инстаграм три дена, а потоа сфатив дека потрошив речиси 20 минути гледајќи во нечиј профил. Дознав дека ова лице има пит бул и две ќерки и живее во Бурбенк. Си помислив: „Што? Само потрошив 17 минути од моето време. Сега чувствувам дека треба да се преселам во Калифорнија, да го добијам истото куче и да го променам мојот живот на сите овие начини“, се сеќава таа.

Таа се чувствуваше лошо
Сфатила дека гледањето на тој профил ја прави да се чувствува лошо, како да сака да живее туѓ живот, а не свој. Така таа го избриша Инстаграм и не го реактивира.