Актерот конечно ја избрка поранешната сопруга од дома: Со месеци се караа за имотот, а таа сега од огромниот замок заврши во монтажна куќа (ФОТО)
Агонијата на Кевин Костнер, барем кога е во прашање преселувањето на неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер од нивната палата во Санта Барбара, се чини дека е при крај. Вчера беа забележани комбиња пред имотот на актерот, само три дена пред Баумгартнер да се исели од нивниот заеднички дом. На фотографиите добиени од страна на Page Six во петокот, може да се видат неколку камиони и комбиња надвор од замокот и купишта картонски кутии, веројатно полни со предмети на Баумгартнер.
Сепак, комбињата ги однесоа кутиите до комплексот на Костнер на плажата на околу една милја оддалеченост, па се шпекулира дека Баумгартнер ќе се смести во фабриката. Иако не е јасно дали нејзиниот сопруг, дизајнерот на чанти, бил присутен во тоа време таму, но веројатно сè уште бил на одмор во Аспен со нивните три деца – синовите Кајден (16) и Хејс (14) и ќерката Грејс (13).
Претходно овој месец, судијата и’ нареди на Баумгартнер да ја ослободи семејната резиденција до 31 јули. Според пресудата, освен личните работи, таа може да земе и други предмети од куќата само со согласност на Костнер.
Имено, ѕвездата на „Јелоустоун“ (68) пред судот изјави дека се плаши дека Баумгартнер (49) ќе го ограби. Тој тврди дека поранешната манекенка „покажала вознемирувачка тенденција во последните неколку месеци да му го одземе имотот без негово знаење или согласност, особено откако е поднесена тужбата“.
Во мај Баумгартнер поднесе барање за развод од оскаровецот по речиси 19 години брак, наведувајќи ги „непомирливите разлики“.
Оттогаш, двајцата водат гадна правна битка околу условите на предбрачниот договор, особено оние поврзани со нивниот брачен дом. Иако Костнер ја исполни својата желба за куќата, неодамна му беше наложено да и’ плаќа на Баумгартнер речиси 130.000 долари месечно како издршка за деца, два и пол пати повеќе од предложениот износ.