Актерот првпат се појави во јавност во судскиот процес: Снимен во многу важна компанија, а сите гледаа во прескапата кола! ФОТО

Актерот Кевин Костнер го имаше своето прво јавно појавување откако судот во Санта Барбара минатата недела пресуди во негова корист во спорот за неговото издршка на детето кое го има со поранешната сопруга, Кристин Баумгартнер.

Беше во важно друштво, но сепак нерасположен.

Кевин Костнер бил забележан во саботата наутро со својот син Хејс (14) на појадок во Санта Барбара, каде поминале еден час, а потоа се оддалечиле со неговиот автомобил вреден 300.000 долари, пишува Page Six.

Актерот, кој со поранешната сопруга ги има ќерката Грејс (13) и синот Кајден (15), на двете рочишта бил крајно вознемирен, што е и очекувано со оглед на причината за судењето, а тоа го изјавил и самиот Кевин Костнер откако после пресудата одговори дека сè уште ја сака Кристин.

Костнер, кој зад себе има уште еден брак и е татко на шест деца. Cо Кристин помина речиси 19 години.

На судот се зборуваше за нивниот луксузен живот, за нејзината наводна афера со неговиот пријател, но и за неговата улога во серијата „Yellowstone“, односно зошто се откажал од тој проект.

Актерот истакна дека причината се парите, разликите во креативните идеи и распоредот на снимање, а не конфликтот со креаторот на серијата Тејлор Шеридан.

Адвокатите на неговата поранешна сопруга побараа информации за неговата заработка во ,,Yellowstone”.

Костнер истакна дека се обидел да ги реши разликите, но дека Парамаунт се откажал кога побарал 12 милиони долари за новата сезона. Проблем беше и снимањето на филмот „Хоризонт“ во кој глуми. Тој напомена дека е подготвен дури и да го помести распоредот на снимање поврзан со филмската улога, но дека ни продукцијата на „Јелоустоун” не сака да го испочитува тоа.

Kевин Костнер најверојатно ќе оди на суд поради начинот на кој таа соработка заврши, пишува TMZ.