‘СУЛТАНОТ’ КОНТРА ВЛАДИМИР ПУТИН !? Реџеп Таип Ердоган по средбата во Сочи објави и најави голема работа: “Како Турција веруваме дека…“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган по разговорите со неговиот руски колега Владимир Путин во понеделникот изјави дека наскоро ќе биде можно да се продолжи договорот со Обединетите нации (ОН) за ублажување на светската криза со храна со извоз на украинско жито на светскиот пазар.

Во јули, официјална Москва се повлече од едногодишниот договор со кој се создадени коридори за извоз на десетици милиони тони жито и вештачко ѓубриво, обвинувајќи го Запад дека истовремено го попречува неговиот извоз на жито и ѓубрива.

Реџеп Таип Ердоган, кој одигра важна улога во тоа Владимир Путин да се согласи со договорот, и ОН се обидуваат да го убедат рускиот претседател да се врати на договорот.

Како Турција веруваме дека ќе постигнеме решение на краток рок“, порача Реџеп Таип Ердоган во Сочи по неговата прва тричасовна средба со Владимир Путин од 2022 година.

Тој додаде дека очекувањата на Русија се добро познати и дека недостатоците треба да се отстранат, додавајќи дека Турција и ОН работат заедно на нов пакет решенија со кои ќе се елиминираат руските критики.

Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин

Владимир Путин кажа дека Русија би можела да се врати на договорот за жито ако Запад истовремено исполни друг договор со ОН за руска храна и извоз на ѓубрива.

Би биле подготвени да размислиме за обновување на договорот и денес му реков на господинот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно – ќе го направиме тоа штом сите договори за отстранување на бариерите за извоз на руски земјоделски производи се целосно имплементирани“, истакна Владимир Путин.

Тој додаде дека обвинувањата на Запад дека со напуштањето на договорот Русија предизвикала криза со храна се невистинити, бидејќи цената на храната не пораснала поради тоа.

Не е точно дека нема храна“, нагласува Владимир Путин и додава: „Западот продолжува да го блокира извозот на жито и ѓубрива од Русија на светскиот пазар“.

Владимир Путин вели дека Русија очекува оваа година да собере 130 милиони тони, од кои 60 милиони би можеле да се извезат.

Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море се смета за клучен за справување со глобалната несигурност во храната и за намалување на цените на житото. Украина е исто така многу зависна од заработката од извозот.

Но, Кремљ не беше задоволен од начинот на кој се спроведуваше пактот, официјално познат како Црноморска иницијатива за жито.

Официјална Москва вели дека сака да се укинат бариерите за рускиот извоз на храна и ѓубрива во замена за понатамошна соработка и бара ослободување од западните санкции за плаќања, логистика и осигурување на бродови.

Соединетите Американски Држави и ЕУ ги отфрлија жалбите на Русија како неосновани, велејќи дека нивните санкции не се насочени кон руското жито и ѓубрива.

По завршувањето на договорот, Русија ги засили нападите со беспилотни летала и ракети врз пристаништата за жито во Украина и инфраструктурата за складирање.

Украина вели дека во тој процес биле уништени и десетици илјади тони жито.

Во последните недели Украина успешно го организираше преминувањето на бродови низ Црноморскиот коридор и покрај заканата од напад.

Русија се закани дека ќе ги третира сите бродови кои пристигнуваат во украинските пристаништа како потенцијални воени цели.