Најмоќниот воен пакт што некогаш светот го видел!? Протекоа детали од тајниот договор меѓу Русија и Северна Кореја за „широка воена експанзија“

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му предложил на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун двете земји да одржат поморска вежба заедно со Кина, објави денеска јужнокорејската новинска агенција ,,Јонхап”, повикувајќи се на јужнокорејската разузнавачка агенција.

Агенцијата соопшти дека Шојгу тоа му го предложил на Ким за време на посетата на Северна Кореја во јули по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна, која Пјонгјанг ја слави како Ден на победата.

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја го информираше Националното собрание дека Шојгу најверојатно одржал приватен состанок со Ким за да се договори за, како што рече, „широка воена експанзија“, објави Јонхап.

Русија и Северна Кореја неодамна повикаа на проширување на воените врски меѓу двете земји, но Пјонгјанг негира дека има договори за оружје со Москва.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, на брифинг со новинарите минатиот месец изјави дека Шојгу се обидел да посредува за договор за продажба на артилериска муниција на Русија за време на посетата на Северна Кореја.

САД неодамна воведоа санкции за три компании кои ги обвинија дека се поврзани со договори за оружје меѓу Северна Кореја и Русија.

Северна Кореја ретко одржува воени вежби со своите соседи, објави Ројтерс, додавајќи дека Пјонгјанг ги обвинува САД и Јужна Кореја дека се подготвуваат за војна против Северна Кореја со редовни заеднички воени вежби.