Кумановскиот невропсихијатар д-р Дудучки меѓу првите пријавени за помош на населението во земјите зафатени од разорниот земјотрес

Невропсихијатарот од Куманово, доктор Мице Дудучки е меѓу првите лекари доброволци за помош во згрижување на трауматизираното население во Турција. Тој заедно со неговиот син, психолог, ја пополниле апликацијата што ја објави Министерството за здравство за поддршка на населението кое се соочува со последици од катастрофалниот земјотрес.

-Како поранешен воен лекар со искуство од масовни несреќи и катастрофи каде што се зафатени голем број луѓе, објекти, сметав дека е потребно да помогнеме на луѓето жртви од таа катастрофа, во која за жал, има голем број жртви и огромни материјални разорувања. Сметам дека моето искуство е потребно пред сè од мојата струка за згрижување на психотрауматизирани и луѓе кои се по интензивен стрес. Жртви не се само оние што се физички повредени кои за жал, ги има многу и се загинати, под урнатините туку и нивните блиски, семејства, сведоци на сето она што го доживеале, тоа се грозоморни и мачни слики па дури и за мене кој имам искуство и од војни, поплави, земјотреси. Сметав дека е потребна иницијатива како медицински работници, болничари, покрај спасувачките екипи да се ангажираме да го заштитиме металното здравје на оние кои се под психотраума како што е конкретниот случај, изјави доктор Дудучки.

Во вонредни услови, каква што е состојбата по елементарни непогоди, важна е првичната помош, конкретна активност во згрижување на населението. Во овие случаи се применува доктрина која е светски прифатена. Кумановскиот невропсихијатар кажа дека и во војните во поранешните ЈУ- простори, па дури и во настаните од Диво Насеље Куманово, лицата по веднаш пружената помош се соочуваат со помали последици од посттрауматски синдром.

-Како поранешен мајор од воена медицинска академија ние учевме стратегија и доктрина на згрижување на трауматизиран и психотрауматизирани во вонредни услови. Таа доктрина се применува секаде во светот, тоа не е ништо ново, затоа сметам дека за да го зачуваме менталното здравје, а другите колеги физичкото здравје. Потребна е работа на стручни тимови, психолози, педијатри кои се едуцирани, стручни да пружат ваков вид услуга со цел да го сочуваме металното здравје. Во овие тимови треба да се ангажирани хирурзи, трауматолози, интернисти, педијатри, но со нив и нашата психолошко психијатриска служба затоа што психичките трауми не се помалку тешки од физичките, а кога се здружени двете тогаш можеме да сфатиме што таа личност, организирам, човек доживува па оттука еден холистички пристап паралелно со телесните повредни да ги третираме и психотраумите. За жал, бројките говорат дека е голем бројот на жртвите, секако дека бројот на повредени е многу поголем, а на психотрауматизираните можеби десеткратно поголем од бројот на оние кои физички се повредени, вели доктор Дудучки.

Според доктор Дудучки, секоја помош, интервенција доколку е задоцнета го нема тој ефект, без разлика дали станува збор за физички или психички тегоби. Тоа предизвикува дополнителен ангажман, време на стручните кадри и можно е да останат повеќе привремени или трајни последици.

-И тоа ние само ги почитуваме доктринарните ставови и принципи во згрижување на лица во вакви вонредни услови. Поучени од претходните искуства сакаме да ги редуцираме штетите не само материјалните, телесното здравје, повредните туку од психолошко педијатриски аспект да ги намалиме негативните последици, вели Дудучки.

Според него, добро е да се работи и со екипите кои пружаат помош, вклучително и тимовите кои заминаа од земјава како спасувачи, пожарникари.

Нервен систем

-Сигурно и на оние луѓе директно ангажирани во спасувачките екипи во расчистување на теренот, извлекување на починати, повредените,  тоа се сцени и слики кои не се бришат толку лесно од свеста така што и по враќање на дел од нив им е потребна стручна помош и таа ќе им биде пружена, нгласува Дудучки.

И медиумите, смета Дудучки треба да обрнат внимание при известување и објавување на фотографии и видеа од несреќите. Некои фотографии го обиколија и го расплакаа светот.