Америка не може без ова: На Русите им платија рекордни 1,19 милијарди долари

Минатата година САД купиле ураниум од Русија за рекордни 1,19 милијарди долари.

Ова доаѓа од податоците на Бирото за попис на САД, анализирани од руската медиумска групација РБК.

Американскиот увоз на ураниум од Русија е зголемен во однос на 2022 година, кога неговата вредност изнесуваше 830 милиони долари, пренесува Комерсант.

Минатата година Вашингтон купи од Москва сиров паладиум за 1,08 милијарди долари, минерални ѓубрива за 1,35 милијарди долари и турбомлазни мотори за 91 милион долари.

Вредноста на американскиот извоз во Русија во 2023 година изнесува 597 милиони долари, а станува збор за стоки како што се фармацевтски производи или медицински инструменти и опрема.

На крајот на јануари Долниот дом на американскиот Конгрес усвои нацрт-закон со кој треба да се намали зависноста од руските земјоделски производи.