Кралицата Камила се огласи за состојбата на Чарлс

Британскиот крал Чарлс III „се држи исклучително добро во овие околности“ по почетокот на лекувањето на ракот , рече кралицата Камила .

„Тој е многу трогнат од сите писма и пораки за поддршка од сите страни“, рече Камила на музички концерт во чест на работата на локалните добротворни организации во катедралата Солсбери во Вилтшир.

Бакингемската палата во понеделникот објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран „еден вид рак“, кој бил откриен додека британскиот монарх се лекувал од зголемена простата минатиот месец.

Видот на ракот не е откриен, а еден ден по дијагнозата, кралот ја напуштил резиденцијата Кларенс со сопругата Камила, со хеликоптер пристигнал во Бакингемската палата, а потоа полетал во правец на Сандрингем во Норфолк, кралската резиденција северозападно од Лондон. , јавува Би-Би-Си.

Сè уште не е познато за каков вид на рак се работи, но кралот почнал со „редовни третмани“ во понеделникот, се вели во соопштението. Кралот се откажал од сите јавни должности додека бил на лекување, соопшти палатата. Високи членови на кралското семејство, вклучувајќи ги и кралицата и принцот од Велс, ќе преземе некои од неговите должности.