АКЦИЈА НА СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА И ЕВРОПОЛ! Запленети 2,7 тони кокаин на едрилица во Атлантикот, уапсен лидерот на криминалната група
Во меѓународна акција предводена од припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал и БИА, а во координација со Европол и неколку европски полициски сили, запленети се 2,7 тони кокаин . од едрилица во Атлантскиот Океан, додека во Србија заедно со уште тројца осомничени е уапсен организаторот на оваа организирана криминална група С.К.(70).
Покрај С.К., во Србија се уапсени и членовите на оваа организирана криминална група Н.С.(35), Н.С.(43) и Б.К.(40) . Истрагата за оваа организирана криминална група криминалната полиција на Полициската управа за град Белград ја покрена во јануари 2022 година поради сомнение дека се занимавала со шверц на големо кокаин од Јужна Америка во ЕУ, а активностите против оваа мрежа беа проширени и на други светски полициски сили и координирана истрага предводена од Европол, во рамките на оперативната работна група „Балкански картел“.
На 24 август годинава, врз основа на заедничка оперативна работа, уапсени се шест лица, од кои четири на територијата на Србија, претресени се 15 станови, 2,7 тони кокаин, две возила од висока класа, скапи рачни часовници и над 550.000 евра се запленети. Исто така, во рамки на финансиската истрага, блокирани се и поголем број банкарски сметки и имоти.
Се сомнева дека оваа организирана криминална група транспортирала кокаин од Јужна Америка, дека обезбедувала едрилици и дека пратките се вршеле со помош на шифрирана комуникациска платформа.
Во оваа акција, Министерството за внатрешни работи на Република Србија уште еднаш покажа дека е сигурен и водечки партнер во сузбивањето на меѓународната трговија со дрога и во борбата против организираниот криминал.