АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА ВО ГРЦИЈА: Се најавуваат пеколни горештини, училиштата затворени ширум земјата, властите предупредија на опасност од ПОЖАР
За Грција денеска се најавени пеколни горештини, а многу високите температури, според најавите, ќе траат до викендот.
Највисоки температури се очекуваат денеска и утре, а се предвидува дека во некои делови од земјава ќе достигне и до 42 Целзиусови степени. Најтопло ќе биде во копното на Грција, најмногу во централните и јужните региони, а властите предупредуваат на голема опасност од избувнување на пожари.
Поради многу високите температури, основните училишта се затворени низ цела Грција, а постои можност учебната година да заврши порано поради екстремните горештини за основците и предучилишната возраст. Според извештаите на локалните медиуми, во многу градинки и пониски одделенија од основните училишта наставата трае само до 11:30 часот.
Максималната температура на северот на Грција од 37 до 40 степени
Како што е најавено во северните делови на Грција, температурата ќе се движи од максимални 37 до 40 степени, додека претпладне ќе достигне до 27.
Во централна Грција и западниот дел на Пелопонез максималната температура ќе достигне од 38 до 40 степени, а во Тесалија од 41 до 42 степени, додека во источните делови живата во термометарот може да достигне и 43 степени.
Според најавите, на островите во источното Егејско Море и Додеканезите температурата ќе се искачи до 39 степени, додека локално на Крит ќе достигне до 42 Целзиусови степени.
Во Атика во четврток максималната температура ќе достигне до 41 степен, додека во приморските предели температурата ќе биде пониска за 3 до 5 степени.
Во петок се очекува опаѓање на температурата во западните, централните и северните делови од земјава, додека во останатиот дел од земјава се уште ќе има многу високи температури.
Властите предупредија на опасност од пожари во регионот на Атика, Коринт, Лариса…