Алармантно предупредување од кардиолог: Ова е причината поради која срцевиот удар ги коси младите

Се повеќе млади добиваат инфаркт, предупредуваат лекарите! Причината за оваа алармантна статистика е, покрај генетиката и прекумерното консумирање алкохол и цигари, недоволната физичка активност, но и спиењето!

Српскиот кардиохирург проф. Д-р Миљко Ристиќ истакнува дека секоја година се повеќе млади пациенти се лекуваат од срцеви заболувања.

-Сè повеќе луѓе помлади од 40 години доаѓаат поради симптоми на срцев удар, од кои некои завршуваат фатално! Постојат три главни фактори за овие состојби. Првиот е пушењето цигари, кое ги стеснува крвните садови, што предизвикува срцев удар. Денес речиси и да нема млад човек кој не пуши цигари. Втората е физичката неактивност, стресот, недоволното спиење, брзата и мрсна храна, а третата е генетиката. Доколку некој во семејството има членови кои боледуваат од кардиоваскуларни заболувања, постои веројатност и тој да има таква дијагноза – вели проф. д-р Миљко Ристиќ.

Секако, напоменува, пресудно е менувањето на нездравиот начин на живот, бидејќи ваквото секојдневие е многу опасно по здравјето.