Алармот за пожар во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје ги стави вработените и посетителите во состојба на тревога

Алармот за пожар во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје ги стави вработените и посетителите во состојба на тревога. Како што е видливо на видео снимката, клиентите и вработените брзо се евакуирале  од трговскиот центар, а местото на настанот имало и повеќе возила на противпожарната служба и околу десетина пожарникари.

Утрово се запали ќебапчилницата „Дестан“ во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Како што велат од скопската Пожарна, интервенирано е со пет возила, а пожарот е локализиран.

„Трговскиот центар е евакуиран, нема повредени, само има материјална штета“, вели Звонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита.