Русија затвора делови од својот воздушен простор поради ракетни тестови што ќе бидат извршени денеска и утре.
Ова синоќа го објави Киев пост на официјалниот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), повикувајќи се на руските медиуми.
Се наведува дека слично известување добило и кога Русија вчера лансираше балистичка ракета „Орешник“ врз украинскиот град Днипро.
Скај њуз јавува дека утринава во 8 часот и 25 минути по локално време властите на Санкт Петербург соопштија дека летовите на меѓународниот аеродром „Пулково“ во родниот град на рускиот претседател Владимир Путин се привремено прекинати.
Russia is closing certain parts of its airspace for missile tests from November 22 to 23, according to Russian media.
— KyivPost (@KyivPost) November 21, 2024
A similar notice was issued at the time when the ballistic missile “Oreshnik” was launched at Dnipro.
Британската телевизија наведува дека има информации за неидентификуван летечки објект, поради што се подигнати руски борбени авиони и испратени да истражат за што се работи.
Засега нема официјално објаснување за причините за прекинот на летовите во Русија, а од Кремљ соопштија дека Путин е запознаен со ситуацијата на аеродромот.
Во меѓувреме, соопштено е дека воздушниот простор над аеродромот „Пулково“ е повторно отворен за сообраќај.
Путин не го коментираше прекинот на летовите, кој траеше околу еден час.