Албанец спасил Србинка од пожар без размислување: Кога дознал дека станува збор за жена од Србија, само го рекол ОВА

Храброст и човечност покажа 26-годишниот Меџид, млад човек од Косово , кога без размислување влезе во станот зафатен од пожар и ја извлече од пламенот 60-годишната Ивана, по потекло од Србија.

Сето тоа се случило во станбена зона во Женева, каде што Маџид одел по улицата и видел чад и жена која викала помош. Не чекал ни момент – реагирал инстинктивно.

„Некој извика од балконот, од прозорецот подолу излегуваше чад. Ги кренав ролетните и влегов внатре. Имаше толку многу чад што не можев да најдам никого. Излегов да дишам, се вратив и успеав да ја одвлечам Ивана до прозорецот, но не можев да ја извадам. Соседот ми даде влажна крпа, повторно влегов и ја извлеков“, рече Меџид.

Тој самиот претрпел изгореници во пожарот, поради што завршил во болница. Кога новинарите го прашале дали знае дека спасил Србинка, неговиот одговор бил краток, но силен:

„Немаше ништо да промени дури и да го знаев тоа. Дури и не помислив на тоа. Беше потребно да се спаси живот – српски или албански, не е важно“, рече тој.

Со овој гест, младиот Албанец од Косово покажа што е најубаво кај една личност – храброст, несебичност и љубов кон животот, без оглед на религијата, нацијата или бојата на кожата. Жителите на населбата и сведоците на настанот денес го нарекуваат вистински херој на Женева .