– Во насока да им го олесни решавањето на станбеното прашање, албанската влада одлучи да обезбеди бескаматни станбени кредити за лекарите, припадниците на полицијата и армијата.
Годинешната квота е вкупно 300 лица односно по 100 од секој сектор а следните години се очекува бројот да биде поголем.
-Корисниците се избираат врз основа на систем на бодување, а во случај да има повеќе кандидати со еднакви бодови од дефинираните квоти, нивниот избор ќе се изврши според системот на бодување, утврден од самата институција-корисник, јави државната агенција АТА.
Главен услов е подносителите на барањата да се во брак.
Одлуката стапува во сила на 15 месецов а за нејзиното спроведување задолжени се Министерството за финансии и економија, Министерството за здравство и социјална заштита, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана.