Албанија забрани увоз на свинско месо од земјава, ќе бара сертификат

Според одлуката на албанските власти која е донесена на неопределено време, сепак, се дозволува увоз на свињи и свинско месо од Mакедонија во Албанија доколку со сертификати се докаже дека производите не се заразени со африканска чума.

Соседна Албанија престана да увезува свињи и свинско месо од земјава откако кај дел од овие животни е откриена болеста африканска чума, јави албанската телевизија „Ора њуз“.

Одлуката е донесена од страна на министерството за земјоделство и рурален развој на Албанија, на неопределено време. Сепак, според одлуката на албанските власти, увоз на свињи и свинско месо од Македонија во Албанија ќе биде можно доколку со сертификати се докаже дека производите не се заразени со африканска чума.

Од македонската агенција за храна и ветеринарство во петокот соопштија дека африканската чума последно е регистрирана во одгледувалиште на свињи во кумановското село , каде што угинале 60 свињи.