– Албанскиот државен врв изрази жалење за трагичната загуба на животи од разорниот земјотрес во Турција и со посебен авионски лет испрати група спасувачи.
– Длабоко тажен од веста за разорниот земјотрес што ги погоди делови од Турција и Сирија. Нашето најдлабоко сочувство до многуте семејства кои ги загубија животите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Солидарна спасувачка мисија денеска замина за Турција, напиша албанскиот премиер Еди Рама
Албанскиот претседател Бајрам Бегај вели дека е „длабоко тажен од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија“.
– Албанците и јас стоиме покрај погодените луѓе и семејствата кои ги загубија своите најблиски во оваа страшна трагедија. Нашите искрени мисли и молитви се со нив, наведе Бегај.
Шефицата на албанската дипломатија Олта Џачка откако изразува сочувство до семејствата на настраданите напиша дека „во овој тежок момент сме подготвени да и помогнеме на Турција на секој начин“.
– Нашите срца и мисли се со сите засегнати и семејствата кои ги загубија своите најблиски! Ние сме со вас, со сè уште свежи сеќавањата од нашата трагедија од 26 ноември 2009, но и со топлината на солидарноста меѓу нашите два народа, напиша градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.
Попладнево со посебен авионски лет, како што информираше првиот човек на центарот за цивилна заштита, Хаки Цако, отпатувала 38 члена екипа за потрага и спасување.