Албанија размислува за забрана на ТикТок и Снепчет по убиството на тинејџер

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека се разгледува можноста за донесување „радикална одлука“ за целосно забрана на ТикТок и Снепчет по убиството на 14-годишен ученик во основно училиште од соученик во главниот град Тирана.

Во изјавата по состанокот на владата, Еди Рама истакна дека смртта на 14-годишното момче е трагедија која бара ефективен одговор и од државата и од општеството.

Истакнувајќи дека некои земји го ограничуваат пристапот до социјалните мрежи за деца под 16 години, Рама рече:

„Како влада, нашата дилема е дали да продолжиме со имплементација на филтри. Од сите наши искуства досега, научивме дека ефективноста од овие филтри е многу ниска и дека онлајн поттикнувањето на насилство и малтретирање само се зголемува“.

„Можеби треба да донесеме радикална одлука за целосно забрана на ТикТок и Снепчет во Албанија“, рече тој.

Рама додаде дека предлогот ќе биде претставен пред родителите на дискусија и дека сите училишта ќе работат што подемократски да се донесе одлуката.

Во однос на мерките за обезбедување безбедност во училиштата, Рама најави дека во блиска иднина планира да постави камери во секое училиште и училница за да ги следи активностите.

Во понеделникот, 14-годишниот Мартин Цани го загуби животот во напад со нож од друг ученик во основното училиште „Фан Ноли“ во Тирана. Расправијата наводно започнала на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, родителите загрижени за безбедноста на учениците ќе одржат протест во петок од основното училиште „Фан Ноли“ до Министерството за образование и спорт во Тирана.